Ванчо Орданоски
60p
212 comments posted · 3 followers · following 1
5 days ago @ Гурман™ - Седум проду... · 0 replies · +2 points
Има дозволени и недозволени супстанци за третирање на компирите, јаболката, и останатите продукти. Не се сите опасни.
А ова со рибите: „Рибарите велат...“. Што вели науката, батали рибарите!
Но круна е „гнојот“ во млекото. Тврдам дека е поопасно да се пие непроверено, наводно „органско“ млеко, кое не поминало низ сите инспекции и кое потекнува од крави кои не се третираат според прописите...
6 weeks ago @ IT.com.mk - Макед... - Скршете ги п... · 0 replies · +4 points
P.S.
Поздрав и до пријателите-гомнојадци, секогаш ги има, као муви зунзари...
6 weeks ago @ Гурман™ - Топ трендов... · 1 reply · +1 points
А, како е во Скопје? Охрид? Штип?
11 weeks ago @ IT.com.mk - Макед... - Погледнете ... · 1 reply · +1 points
Компаниите нема да имаат (финансиска) иницијатива за еколошко одлагање на отпадот, бидејќи ќе треба директно да ги плаќаат услугите за тоа. На страна што веќе се формираа две-три партиски фирми кои ќе го земаат кајмакот.
Кога би се применило скандинавското решение, би било многу поефикасно: производителите и увозниците во моментот на пуштањето во промет/увозот да плаќаат одреден (мал) процент на државата, која потоа, по „службена должност“ (а со собраните пари) ќе се грижи за систематско и системско одлагање.
Но, кој ме слуша мене...
11 weeks ago @ IT.com.mk - Макед... - Погледнете ... · 0 replies · +1 points
13 weeks ago @ IT.com.mk - Макед... - Што се случу... · 0 replies · +2 points
Да, некои се само поединци, претпоставувам дека се земени во текстот како потенцијални нови компании...
Сепак, и за нив, воглавно, важат сличните правила, проблеми и успеси.
13 weeks ago @ IT.com.mk - Макед... - Што се случу... · 0 replies · +2 points
На колегите од SportyPal им честитам на успехот, издржливоста и посветеноста, и -- секако -- одличната апликација!
13 weeks ago @ IT.com.mk - Макед... - Што се случу... · 0 replies · +2 points
Потполно си во право. Еден од главните фактори за кризата во „I“-то од ITC е и немањето доволна поддршка од државните институции (освен за одредени фирми, нели?).
Наводно сме „земја на информатичари“, ама изгледа дека тоа завршува само на хартија. И на Фејјсбук.
13 weeks ago @ IT.com.mk - Макед... - Што се случу... · 2 replies · +1 points
Не дека нема надворешни причини, ама прво треба да си ги бараме во себе...
И, успат, имам започнато неколку компании во животов, и секогаш сум се враќал на основните поставки, без оглед дали се за градинка или прво одделение. Повеќето од тие компании биле и се успешни.
Троловскиот начин на кој дискутираш зборува за твоето искуство и ... воспитание...
13 weeks ago @ IT.com.mk - Макед... - Што се случу... · 2 replies · +6 points
Успешен (IT) стартап не се прави само со добро испрограмирана апликација.
Треба да постои бизнис план. Прашањата кои *мора* да бидат одговорени се:
- Како ќе остварувам приход? Дали ќе давам бесплатна апликација, а ќе имам алтернативен тек на приходи (нпр. реклами)?
- Кој е целниот пазар? Македонија е мал пазар за едноставни апликации од типот „Паркинг“,
„Пријави“, и слични. Во тој случај, како што направија некои, мора да се најде партнер...
- Што е она што потенцијалните купувачи ќе ги натера да извадат пари од џебот за мојата апликација? При ова, „купувач“ не мора да биде директниот корисник на апликацијата. Тоа може да биде и фирма што сака да се рекламира, или има корист од апликацијата, па инвестира во неа.
- Колку можам да издржам во „негативен циклус“? Дали ќе преживеам период на „суша“ во продажбата?
- Кој е развојниот план? Една верзија не е доволна. пазарот мора да се шири, да се додаваат опции, итн.
- Oд што сѐ ќе се состои мојата понуда? Дали ќе има и други производи?
И уште нешто:
- Не се ориентирајте само на мобилни апликации ако не предвидувате глобален настап
- Не се потпирајте на банкарски кредити, барајте инвеститори
- Не очекувајте помош од државата, најчесто нема да ја добиете
Invention